Македонскиот првак Еурофарм Пелистер одново ќе игра во Лигата на шампионите следната сезона, откако ЕХФ денеска ги објави учесниците за идната сезона. Со тоа битолчани одново ќе бидат дел од европската „елита“.
Овој пат Еурофарм Пелистер ќе се бори да го поправи впечатокот од минатата сезона, кога имаше 0-14 во најелитното европско натпреварување.
Покрај Еурофарм Пелистер, ќе учествуваат во ЛШ и Алборг, Барселона, ПСЖ, Магдебург, Фуксе, Веспрем, Колштад, Висла Плоцк, Спортинг Лисабон, Пик Сегед, Нант, Киелце, Загреб, Динамо Букурешт и Федериција.
Еурофарм Пелистер е меѓу екипите кои добија вајлд-карта, а освен нашиот првак, на ваков начин влегоа и Загреб, Нант, Пик Сегед, Киелце, Динамо Букурешт и Федериција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА