Воочи последното коло од групата Е на ЕВРО 2024, ситуацијата е неверојатна. Сите четири селекции Белгија, Словачка, Романија и Украина имаат по три бода, и влегуваат во последното коло со шанси за пласман во 1/8 финалето. Но, некои од репрезентациите имаат поголеми шанси, затоа што на нив им одговара да одиграат нерешено. И тоа и на двата тима.
Станува збор за селекциите на Романија и на Словачка, кои играат меѓусебно во последното коло во среда во 21 часот. Нерешен резултат ги носи и двете селекции кон осминафиналето, а во тој случај една селекција од Украина и од Белгија ќе извиси.
Словачка и Романија ако одиграат нерешено тогаш речиси сигурно и двете селекции одат понатаму. На Украина едноставно и одговора само победа во дуелот со Белгија, додека на Белгијците веројатно ќе им биде доволен и нерешен резултат.
Во вакво „реми“ сценарио Романија ќе биде прва или втора (во зависност од резултатот на натпреварот Белгија – Украина), додека трета ќе биде Словачка. Во реваншот на Украина не и одговара нерешениот резултат бидејќи ја имаат најлошата гол-разлика во групата Е. Доколку Белгија ја победи Украина, Романија ќе го заземе второто место во групата. Од друга страна, доколку Украина изненади и ја победи Белгија, Романија може да заврши прва во групата.
Словачка е во ситуација кога без разлика на исходот од мечот со Романија ќе го заземе третото место во групата. Ова им овозможува да се пласираат во осминафиналето како една од четирите најдобри третопласирани екипи во групната фаза. Украина, пак, мора да ја победи Белгија ако сака да се пласира во осминафиналето. Реми или пораз не доаѓа предвид поради нивната најниска гол разлика меѓу екипите во групата. Нивниот пат до осминафиналето зависи исклучиво од нивниот резултат.
Сепак, треба да се напомене дека Словачка ако одигра реми, тогаш ќе треба да се соочи со силни противници во следната фаза како што се Англија или Шпанија, па затоа од УЕФА се надеваат дека оваа селекција ќе оди на победа за да избегне потенцијален тежок ривал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА