Најдобриот стрелец на Штутгарт, Серху Гираси се одлучи даго напушти клубот ова лето. Тој веќе ги инофмирал челниците на клубот дека ќе замине од тимот, и ќе бара ноа средина.
Најверојатно Гираси ќе се пресели во Борусија Дортмунд, кој е силно заинтересиран за голгетерот, како замина за Себастијан Халер, кој е пред напуштање на тимот од Дортмунд. Има интерес и од Милан и од Арсенал.
Гираси го сврте вниманието кон себе со одличните снтапи во изминатата сезона, во која постигна неверојатни 28 гола, и беше еден од најзаслужните за пласманот на Штутгарт во Лигата на шампионите.
Од Штутгарт во Борусија Дортмунд ќе се пресели Валдемар Антон, кој веќе го комплетираше договор, и ќе треба да биде промовиран кога ќе заврши ЕВРО 2024, каде е дел од германскиот национален тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА