НБА драфт: Французи на првите две места

Закари Ризаше е прв пик на драфтот во НБА-лигата откако Атланта хоукс го избра токму францускиот суперталент како своја нова ѕвезда во годините што следат.

Ризаше со тоа стана само четвртиот странец кој бил прв пик на драфтот,по Виктор Вембањама во 2023, Андреа Барњани во 2006 и Кинезот Јао Минг во 2002 година. Интересно, втора година по ред француски кошаркарски “бисер“ е избран прв на драфтот откако лани тоа беше случај со Вамбањана. Згора на тоа, синоќа и вториот пик на драфтот беше Французин, откако Вашингтон го избра Алекс Сар.

Ризаше е кошаркар на Асвел кој минатата сезона ја мина на позајмица во Бург, во просек постигнувајќи по 11,3 поени и 3,3 скокови по натпревар, со својот тим стигнувајќи до финалето на Еврокупот.

Од регионот, српскиот плејмејкер Никола Топиќ беше избран како 12. пик од тимот на Оклахома Сити тандер, но останува да се види дали тој во следната сезона воопшто ќе настапува во НБА ако се земе во предвид тешката повреда на коленото што ја заработи неодамна.

Се вчитува...