Португалскиот репрезентативец Жоао Палињо ова лето ќе стане нов фудбалер на Баерн Минхен откако германскиот тим и премирелигашот Фулам ги договорија условите за трансфер вреден речиси 56 милиони евра, пренесуваат англиските медиуми.
Баерн Минхен ќе му исплати на лондонскиот клуб 51 милион евра веднаш, а останатите пет ќе дојдат преку бонуси со што воедно тоа претставува нов трансфер рекорд за Фулам.
Интересно, Баерн Минхен беше подготвен да извои 70 милиони евра за неговиот ангажман претходното лето, но до реализација на преминот не дојде поради доцнењето на документација од Лондон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА