Младинскиот репрезентативец на Македонија, голманот Давид Брестовац ја продолжува кариерата во германски Волфе Вирцбург.
Еден од најталентираните македонски ракометари во моментов, имаше неколку понуди за продолжување на кариерата меѓу кои и од екипи од Македонија, но се одлучи да остане во Германија, сега во екипата на Волфе Вирцбург, која како и неговиот досегашен клуб се натпреварува во Третата Бундеслига.
Амбициите на Волфе Вирцбург за новата сезона се пласман во Втората германска лига, поради што е и ангажманот на Брестовац кој треба да донесе нов квалитет на голот на клубот.
Давид Брестовац, заедно со Иван Галевски, имаше одличен настап на штотукузавршеното ЕХФ Европско првенство до 20 години.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА