Најдобрите македонски ракометни судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов веќе на првиот натпреварувачки ден од машкиот ракометен турнир ќе ја имаат и првата задача на овие Олимписки Игри.
Македонските арбитри ќе бидат задолжени за делење на правдата на утрешниот дуел меѓу Унгарија и Египет што ќе стартува во 11 часот во арената во Париз, втор дуел на утрешната програма по оној меѓу Шпанија и Словенија закажан со почеток од девет часот.
Начевски и Николов десетина години наназад се меѓу најдобрите судии во ракометниот спорт, на последните Олимписки Игри ја имаа честа да го судат големото финале, а се очекува и годинава во Париз да бидат дел од двојките за самиот финиш од натпреварувањето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА