Арсенал наскоро ќе почне преговори за ангажман на шпанскиот репрезентативец Микел Мерино, за негово враќање во Премиерлигата. Тој во минатото настапуваше во Њукасл, а сега е дел од Реал Сосиедад.
Спроед информациите од Англија, Микел Артета силно го посакува Шпанецот во својот среден ред за следната сезона, но се ќе зависи од тоа колкаво обесштетување ќе побара тимот од Сан Себастијан.
Артета беше еден од хероите на Шпанија на последното ЕП 2024 година, и на крајот се закити со пехарот. Мерино во 1/4 финалето во 119 минута го постигна победничкиот гол против Германија, со што ја однесе својата селекција во 1/2 финалето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА