На Расел му ја одзедоа победата во Белгија, таа замина кај Хамилтон

На возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, му беше одземена победата на Големата награда на Белгија, бидејќи неговиот болид беше за еден и пол килограм полесен од дозволеното во мерењето по 14-та трка во сезоната. По дисквалификацијата на Расел, триумфот му припадна на неговиот клупски колега Луис Хамилтон, кој ја оствари 105-тата победа во кариерата.

Така, седумкратниот светски шампион дополнително го помести рекордот што го држи, возачот на Мекларен, Оскар Пјастри се искачи на второто место, додека подиумот го комплетираше Шарл Леклер од Ферари. 

Макс Верстапен, актуелниот првак заврши на четвртата позиција.

Се вчитува...