Ракометарите на Словенија ја шокираа Шведска, победувајќи со 29-24, па веќе се на чекор од четвртфинале на Летните Олимписки Игри во Париз.
Словенците одиграа извонредно второ полувреме низ кое комплетно ги надиграа Швеѓаните, запишувајќи ја и втората победа по онаа над Хрватска. Најдобар стрелец беше Јанц со десет гола, пред Влах со осум, додека кај Шведска, Ване беше прв стрелец со шест постигнати гола, во натпреварот во кој црвени картони заработија Благотиншек од Словенија и Готфридсон од Шведска.
Сега, четири екипи се со по четири бода во Групата А, а до крајот има уште две кола. Во следното коло Словенија игра против Јапонија која досега нема ниту еден освоен бод. Шведска, пак, ја чека дуел со Хрватска. Последниот меч од следното коло е меѓу Германија и Шпанија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА