Ваљадолид го промовираше Карапалевски

Досегашниот ракометар на Вардар, Мартин Карапалевски од следната сезона ќе настапува во шпанската АСОБАЛ лига, откако денеска беше промовиран во нов играч на Ваљадолид.

Тренер на овој тим е Давид Писонеро, кој беше дел и од Вардар во минатото. Тој потпиша двегодишен договор со шпанската екипа, со можност да продолжи уште една, а во новиот тим ќе го носи дресот со број 9.

Карапалевски ќе биде третиот ракометар од Македонија кој ќе игра во Шпанија. Таму се уште и Димитар Димитриоски, кој ќе му биде соиграч, а Дарко Димитриевски од јуни е дел од Аликанте.

Се вчитува...