Шведска славеше со преубедливи 40-27 на последниот меч од групната фаза, резултат со кој скандинавската селекција го осигура третото место во групата и пласманот во четвртфиналето.
Швеѓаните долго време беа на работ на амбисот, но откако славеа на клучниот дуел со Хрватска пред два дена, утрово рутински ја оправдаа фаворитската улога против Јапонците. Победникот беше решен уште во раната фаза, откако Шведска за петнаесетина минути поведе со 9-3. Ривалите од Азија не можеа да најдат лек за цврстата шведска одбрана, на одмор се замина со водство на „сино-жолтите“ од 16-9, а шведската доминација продолжи и во вториот дел за убедливи „плус 13“на крајот.
Дванаесет различни ракометари се запишаа меѓу стрелците за победничката селекција, а најефикасни беа Карлос со шест и Готфридсон со пет погодоци. На спротивната страна, прв стрелец на Јапонија беше Наоки Сугиока со девет погодоци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА