Французите заиграа како што треба и се спасија од елиминација

Ракометарите на Франција конечно заиграа во препознатлив стил и благодарение на цврстата одбрана успаја да стигнат до триумф над Унгарија (24-20), со што се спасија од елиминација освојувајќи го четвртото место во својата група.

Критикувани поради слабите изданија од стартот на овие ОИ, избраниците на Бертранд Жил повторно не беа брилијантни во нападот, но затоа одбраната ја донесе победата против Унгарците, запирајќи го противникот на само  . Уште од самиот почеток се виде дека Французите се максимално мотивирани, одлично затворајќи ги приодите кон сопствениот гол. Тоа донесе рано водство од 6-2, нешто подоцна и 10-6, по што француските ракометари знаеја како да го контролираат резултатот. На одмор се замина со 8-11, а Унгарија собра сили и направи целосен пресврт поведувајќи со 16-18. Сепак, по водството на Унгарија од 18-19 следеа пет гола во низа на „триколорите“ кои повторно се одлепија, овојпат чувајќи ја предноста до самиот крај и конечните 24-20.

Жерар имаше 11 интервенции на голот на Франција, а најефикасни беа Пранди со седум, пред Мем и Деска со по пет погодоци. На спротивната страна, прв стрелец на Унгарија во денешниот пораз беше Имре Бенце со шест гола.

Следен противник на „триколорите“ во четвртфиналето ќе биде Германија, која го освои првото место во другата група со скор од четири победи и само еден пораз.

Се вчитува...