Компани отпиша четворица играчи на Баерн

Најголемиот германски клуб Баерн Минхен планира да се ослободи од четворица фудбалери до крајот на летниот преоден рок и се очекуваат имињата на списокот.

Новиот тренер Винсент Компани не смета на следните фудбалери: Матијс де Лигт, Нусаир Мазрауи, Брајан Сарагоса и Кингсли Коман.

Де Лигт е на продажба од почетокот на преодниот рок. Тој беше поврзуван со Манчестер Јунајтед и овој трансфер се уште е многу можен.

Баерн за неговите услуги бара најмалку 50 милиони евра, плус бонуси. Таа бројка е превисока за „црвените ѓаволи“ и се обидуваат да ја намалат, но засега нема позитивен одговор од Минхен.

Од друга страна, многу поблиску е трансферот на десниот бек Нусаир Мазрауи на „Олд Трафорд“. Очигледно има договор меѓу клубовите и се треба да се заврши наскоро.

Шпанецот Брајан Сарогоса ќе замине на позајмица. На излезната врата е и Кингсли Коман. Французинот е баран од ПСЖ, Баерн е подготвен да го продаде, но доколку не се постигне договор, можно е да биде испратен на позајмица.

Навивачите на Баерн не можат да веруваат дека клубот е подготвен да се откаже од Матијс де Лигт. Повеќето од нив се за негово останување, но и за тимот да се ослободи од Леон Горецка.

Се вчитува...