Оваа епска глупост на Дика Мем значеше и елиминација на Франција (Видео)

Франција беше на чекор до полуфиналето на ОИ, имаше предност од еден гол и напад со шест секунди на семафорот што траеше да изминат по тајмаутот што го зеде селекторот Жил.

Дика Мем постигна десет гола, но леворакиот бомбардер од херој се претвори во трагичар по катастрофалната грешка во самиот финиш, кога наместо само да ја фрли топката кон аголот за времето да измине, тој ја подари во рацете на еден германски ракометар.

Следеше експресен контранапад по кој Ушчинс го одведе мечот во продолженија, каде Германија во драматична завршница успеа да слави и да стигне до полуфиналето.

Погледнете ја оваа катастрофална грешка на Дика Мем и подарокот што Германците знаеја како да го искористат…

Се вчитува...