Ракометната репрезентација на Данска е третиот патник во полуфиналето на машкиот турнир на Летните олимписки игри во Париз.
Тие во скандинавското дерби во четвртфиналето ја совладаа Шведска со 32-31. Швеѓаните успеаја досега од сите репрезентации на турнирот да му пружат голем отпор на големиот фаворит, но сепак на крајот немаа сила за нешто повеќе од пристоен пораз 32-31.
Питлик со девет гола беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените седум гола постигна Феликс Клар.
Данска за противник во полуфиналето ќе го има подобриот од последното четвртфинале во кое се среќаваат Норвешка и Словенија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА