Поранешната ракометарка на ЖРК Вардар, Јованка Радичевиќ, денеска најави дека претстојната сезона 2024/25 ќе биде последна во нејзината богата кариера и дека следното лето и официјално ќе му каже збогум на ракометот.
Црногорската репрезентативка има извонредна сезона зад себе во која успеа да стигне до една титула во ЛШ, три пати го загуби финалето во елитното натпреварување, а четири сезони беше избирана во идеалниот тим на ЛШ.
Зад нејзиното име остануваат запишани 1141 гол во елитното натпреварување со што е најдобар стрелец во историјата на Лигата на Шампионите. Рекорд и се постигнатите 97 гола во сезоната 2019/20, кога беше и најдобар стрелец во Лигата на Шампионите.
Останува тагата што на бројните трофеи не се надоврза и барем една европска круна со ЖРК Вардар од 2013 до 2018 година, пехар што недостигаше иако во неколку наврати беше многу блиску до европскиот трон во црвено-црниот дрес.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА