Ракометарите на Е. Пелистер успешно го стартуваа настапот на Струшкиот турнир откако на премиерниот меч триумфираа над домаќинот Струга со убедливи 39-22.
Подмладениот струшки состав парираше само петнаесетина минути во кои се играше егал, но по израмнетите 8-8 битолчани додадоа гас, успеаја да се одлепат и на одмор да заминат со водство од 18-14. Тоа беше само најава за нивната доминација во второто полувреме во кое „пелистерци“ беа далеку подобар противник, на крајот триумфирајќи со убедливи 17 гола разлика.
Филип Кузмановски и Петар Атанасијевиќ ги предводеа стрелците во победничкиот тим со по шест погодоци, додека кај Струга најефикасен беше Никола Летиќ со пет гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА