Охрид и Е. Пелистер ремизираа на тестот во „Билјанини извори“

ГРК Охрид и шампионот Еурофарм Пелистер одиграа без победник (30-30) на пријателскиот натпревар вечерва во СЦ „Билјанини извори“ во Охрид.

Во мечот во кој битолчани, кои играат и на Интернационалниот струшки турнир, беа со комбиниран состав по првото полувреме беше 16-16, за конечно реми и на крајот од дуелот.

Охриѓани, пак, се подготвуваат за настапот на Меѓународниот меморијален турнир „Крсте Андоновски“ што ќе се одржи во Охрид од 20 до 24 август.

ФОТО: А. Момироска (www.ohridnews.com.mk)

Се вчитува...