Вардар супериорен и против Гуиф

Ракометарите на Вардар го осигураа првото место во групата кое им носи пласман во финалето на Струшкиот турнир откако „црвено-црните“ денеска полесно од очекувањата славеа над Гуиф од Шведска со убедливи 32-18.

„Вардарци“одиграа како што му доликува на актуелен бранител на трофејот, Швеѓаните поведоа со 0-2, но остатокот од мечот мина во знакот на македонскиот вицешампион. Избраниците на Недановски најпрвин се одлепија на 10-5, на одмор заминаа со 14-7, за до крајот уште повеќе да ја зголемат позитивата до конечните „плус 14“.

Маргели со седум гола беше прв стрелец на Вардар, Ќоевски постигна пет, додека голманите Гогов и Еспиња собраа вкупно 11 успешни интервенции.

Се вчитува...