Од денеска па до сабота во Охрид се одржува Интернационалниот ракометен турнир „Крсте Андоновски“.
Турнирот во Охрид, кој се одржува трета година по ред, овој пат е со најквалитетниот список на учесници, со три домашни и пет екипи од Србија, Црна Гора, Словенија и Грција.
Натпреварите ќе се играат во две групи. Во првата група се Алкалоид, Динамо Панчево, Ловчен и Олимпијакос, а во втората домаќинот Охрид, Вардар, Партизан и Цеље.
Турнирот стартува денеска од 16:30 часот со дуелот меѓу Алкалоид и Динамо Панчево.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

