Ракометниот клуб Вардар го освои трофејот на меморијалниот турнир “Крсте Андоновски“ во Охрид откако во големото финале славеше против Алкалоид сио 25-23.
Вардар беше убедлив на почетокот на натпреварот поведувајќи со 7-2, а во еден момент имаше предност и од 11-3. На полувремето „црвено-црните“ имаа водство од 15-9, но истото брзо беше стопено на отварањето на второто полувреме.
Избраниците на Лазаров со 3-0 се вратија во игра, во еден дел од натпреварот имаа негатива и од само еден гол, но финишот им припадна на вардарци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА