Лазаров: Реалната слика е дека Пелистер на хартија е подобар тим, но наш успех е што убедивме млади момчиња дека може да се носат со секој

Алкалоид се закити со вториот трофеј во клупската историја, и тоа повторно со триумф над Е. Пелистер откако тимот на Кире Лазаров славеше во вечерашниот дуел во Гевгелија од Суперкупот на Македонија со резултат 33-30.

Тренерот на Алкалоид Кире Лазаров вели дека на хартија Пелистер е подобар тим, но сепак е многу горд на неговите момци.

„Реалната слика е дека тие се подобра екипа од нас. Одигравме екстра квалитетно посебно во првото полувреме. Голем хендикеп за нив беше црвениот картон на Филип Кузмановски. Среќен сум и горд на моите играчи. Тешко е да убедиш млади момчиња дека може да се носат со подобри игри и тоа е најголемата сатисфакција за мене и мојот стручен штаб. Максимален респект кон Пелистер и цела Битола која има одлични навивачи. Голем успех за нас како млад тим и одиме понатаму“, изјави Лазаров. 

Се вчитува...