Ракометниот шампион на Македонија, Пелистер го забележа и вториот пораз во новата сезона во Лигата на шампионите откако во второто коло на домашен терен загуби од германскиот бундеслигаш Фуксе Берлин со 22-30.
Тренерот на битолчани, Бранислав Ангеловски по мечот изјави дека загубиле од подобар противник.
„Честитки до Фуксе за победата и одличната игра. Загубивме од подобар противник, кој добро играше во сите 60 минути и го искористи нашиот пад. Мислам дека во првиот дел се скрши натпреварот, кога од минимална негатива паднавме и ги казнија грешките. Сметам и убеден сум дека премногу промашувавме зицери од шест метри, а тоа даде свој тон на победата на ривалот. Имаме уште многу за играње, радува тоа што добивме уште еден играч од нашата школа. Задоволен сум од прикажаното на нашите млади играчи и се надевам на уште подобри игри од нив во иднина“, изјави Ангеловски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА