Три гола на Ристовска во поразот на Рапид Букурешт во ЛШ

Капитенот на женската ракометна репрезентација на Македонија, Сара Ристовска и нејзиниот Рапид Букурешт го доживеаја првиот пораз сезонава во Лигата на шампионите, откако денеска во 3. коло на домашен терен беа прегазени од Лудвигзбург со 29-37.

Гостинките во текот на целиот меч беа далеку подобар противник, па на крајот и повеќе од заслужено стигнаа до првата победа во елитното натпреварување.

Нашата репрезентативка натпреварот го заврши со три постигнати гола од пет шутеви кон голот на противникот. Кај победникот најефикасна беше Доротја Фалувеги со осум постигнати гола.

 

Се вчитува...