Драма: На меч во ЛШ летаа балистички ракети

Почнаа континенталните фудбалски натпреварувања во Азија, а колку ќе траат е големо прашање. Причината е се потешката безбедносна ситуација на Блискиот Исток.

Војната меѓу Израел и Хамас ескалира. Се прошири во Либан каде што се судрија Израел и Хезболах, а Иран синоќа изврши ракетен напад на територијата на Израел.

Сведоци на настанот беа навивачите на Сепахан од Иран и Истиклол од Таџикистан. Имено, за време на натпреварот од азиската Лига на шампиони, публиката можеше да види лансирање на балистички ракети. Некои од нив го прелетаа стадионот на кој се играше овој натпревар.

 

Се вчитува...