Ѓорѓи Начевски е нов претседател на ракометните судии на Македонија

Ѓорѓи Начевски е избран за нов претседател на Здружението на ракометните судии во Македонија.

Денеска во Кавадарци беше одржано Изборно собрание на Здружението на кое делегатите едногласно ја дадоа целосната доверба токму на Начевски кој ќе остане на чело на организацијата во следните четири години.

„Здружението на ракометни судии на Македонија денес 06.10.2024 во Кавадарци одржа Изборно собрание на кое едногласно беше избран Ѓорѓи Начевски за претседател на ЗРСМ во наредните 4 години. Избран е нов Управен Одбор, нов Надзорен Одбор и Стручна комисија а исто така се донесени многу одлуки и правилници за идниот мандат од четири години“ – се вели во соопштението од Здружението на ракометните судии на Македонија.

 

Се вчитува...