Пирова победа на ЖРК Металург, елиминација од Еврокупот

Ракометарките на ЖРК Металург завршија со настапите во квалификациите за Еврокупот откако во возвратниот дуел не успеаја да ја анулираат гостинската негатива против турскиот Гореле.

Македонските ракометарки славеа со 37-34, но недоволно за да ја анулираат негативата од осум гола (36-28) од првиот меч.

Металург имаше солидна предност од шест гола на полувремето со 21-15, но во вториот дел не успеа целосно да го скрши отпорот на противничките.

Најефикасна ракометарка во составот на Металург беше Марија Јанкуловска со 14 погодоци, а со осум постигнати гола мечот го заврши Анастасија Трпеска.

Се вчитува...