Екипата на Беса го назначи Берат Имери за нов шеф на стручниот штаб. Имери во минатото работеше во младинските категории на Шкендија, а беше тренер и на Воска Спорт.
Имери доаѓа на местото на Александар Таневски, кој пред неколку кола се раздели со раководството на клубот од Добридол.
Во комбинација за тренер беше и Гоце Седлоски, кој имаше напредни разговори со управата, но во последен момент екс тренерот на Вардар, Шкупи и Работнички отпадна од комбинација да биде шеф на струката на новиот прволигаш.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА