Полското ракометно дерби меѓу Киелце и Висла Плоцк со години наназад го има прекарот „света војна“, поради големиот број бруталности што се случуваат на теренот за време на овие пресметки.
Исклучок не е ниту денешниот дуел на кој поранешниот „вардарец“, сега член на Киелце Хорхе Македа заработи син картон поради гризење на противнички играч. Македа беше во фаза на напад и упати удар кон противничкиот гол, влезе во контакт со Терзиќ, по што се доби впечаток дека го гризе играчот на Висла, за на крајот двајцата да завршат на земја.
Судиите неколку минути го разгледуваа инцидентот, за на крајот да утврдат дека Шпанецот на Киелце навистина постапил крајно неспортски, покажувајќи му син картон по кој сигурно ќе следи и подолга суспензија за натпреварите од полскиот шампионат.
Погледнете ја спорната ситуација од денешната „света војна“ во полскиот ракомет…
Maqueda apparently just bit Terzic – and got the blue card after a video review.
🎥: Polsat#handball pic.twitter.com/ydSITScy4v— Rasmus Boysen (@RasmusBoysen92) October 13, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА