Екипата на Вардар е казнета со 5000 евра од страна на ФФМ поради пиротехника на западната трибина за време на натпреварот против Струга ТЛ во ПМФЛ.
Натпреварот заврши со победа на Струга ТЛ со 1-4, а згора на тоа Вардар сега ќе мора да плати казна.
„Заради пиротехничкото “шоу” на навивачката група Комити на натпреварот против Струга Трим Љум, ФФМ го казни АД ФК Вардар со парична казна од 5.000 евра“, стои во објавата на Вардар на социјалната мрежа „Икс“.
Заради пиротехничкото “шоу” на навивачката група Комити на натпреварот против Струга Трим Љум, ФФМ го казни АД ФК Вардар со парична казна од 5.000 евра. pic.twitter.com/azsbnt03h3
— FCVardar (@VardarFC) October 17, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА