Фудбалскиот клуб Вардар на својот профил на „Икс“ објави дека натпреварот со Струга ТЛ во првенството ги чинел 10.000 евра, вклучувајќи и ги казните кои ФФМ ги изрече за лоша организација и за пиротехника.
Вчера ФК Вардар објави дека ФФМ изречило казна од 5.000 евра за користење на пиротехника од страна на навивачите. Згора на тоа, Вардар беше поразен на теренот со убедливи 1-4.
Цена на чинење во евра на одигрување на средбата Вардар – Струга Трим Љум:
– 2.500 закуп на стадион
– 1.000 редарска служба
– 5.000 казна од ФФМ за пиротехника
– 900 казна од МВР за одговорно лице за лоша организација
– 600 казна од МВР за клубот за лоша организација…— FCVardar (@VardarFC) October 18, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА