По репрезентативната пауза во недела се враќаат возбудувањата во Првата македонска фудбалска лига. Актуелниот шампион Струга Трим Лум на домашен терен во 10. коло ќе ја пречека екипата на Силекс.
Тренерот на кратовци, Александар Васоски пред неделниот дуел вели дека иако домаќините се фаворити за титулата, на овој меч нешто ќе се прашува и неговиот тим.
„Струга е кандидат за титула. Секако дека имаме шанси и Силекс ќе се прашува на тој натпревар, бидејќи како што пишавте, последните три натпревари на гостински терен даваат надеж дека екипата го разби тој комплекс од гостински терен и мислам дека имаме свои адути за да дојдеме до позитивен резултат против Струга ТЛ. Секако, кога мислам на позитивен резултат, мислам на победа, така да апсолутно максимално сме спремни и гориме од желба да покажеме добра игра со Струга“, изјави Васоски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА