Работнички по одличниот старт на сезоната денеска на домашен терен на арената „Тодор Проески“ го пречекува едно од најпријатните изненадувања сезонава, Гостивар, во пресметката на двете единствени непоразени екипи по девет одиграни рунди.
Можеби малку кој очекуваше дека двете екипи ќе играат така значајна улога во новата сезона, но повеќе од заслужено, со демонстрираните на игра, се на врвот од табелата и заедно со Шкендија веќе во битка за распраделба на европските места.
„Не очекува дерби натпревар на двете досега непоразени екипи. Секако, ние би сакале да останеме непоразени и по дуелот со Гостивар и да го задржиме првото место на табелата. Одлично работевме во текот на репрезентативната пауза и максимално сме мотивирани да продолжиме таму каде што застанавме претходно. Атмосферата во тимот е на ниво, веруваме во нашиот квалитет и посакуваме триумф. Секако, имаме и максимален респект за противникот“ – вели еден од најдобрите фудбалери на „романтичарите“, Адхе Мазари.
ПРВА ЛИГА – 10. КОЛО (денеска, 14 ч.)
Штип: ТИКВЕШ – ШКЕНДИЈА
Струга: СТРУГА ТЛ – СИЛЕКС
Гостивар: БЕСА – ВАРДАР
Скопје: РАБОТНИЧКИ – ГОСТИВАР
Струмица: АП БРЕРА – ВОСКА СПОРТ
Битола: ПЕЛИСТЕР – ШКУПИ
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА