На Вардар конечно му требаат бодови – Лош старт на сезоната, во Гостивар мора максимална борба!

Вардар денеска, по повеќе од неопходно бодови, гостува на Беса 1976 во Гостивар, во 10. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Искусниот офанзивен играч за врска, Горан Закариќ, пред денешниот дуел истакнува дека тимот е подготвен за борба, во обидот да се дојде до позитивен резултат.

„Нè очекува тежок натпревар. Свесни сме дека не ја стартувавме сезоната онака како што очекувавме, меѓутоа сигурен сум дека ако излеземе на теренот и го дадеме својот максимум резлтатот нема да изостане. Репрезентативната пауза ја искористивме за да подобриме одредени сегменти од играта. Работевме напорно следејќи ги инструкциите на тренерот Захариевски. Знам дека навивачите и луѓето кои го сакаат Вардар не се задоволни. Сепак, нивната поддршка навистина ни значи многу и искрено од срце се надевам дека ќе ја имаме и понатаму на следните натпревари“ – вели Закариќ.

ПРВА ЛИГА – 10. КОЛО (денеска, 14 ч.)
Штип: ТИКВЕШ – ШКЕНДИЈА
Струга: СТРУГА ТЛ – СИЛЕКС
Гостивар: БЕСА – ВАРДАР
Скопје: РАБОТНИЧКИ – ГОСТИВАР
Струмица: АП БРЕРА – ВОСКА СПОРТ
Битола: ПЕЛИСТЕР – ШКУПИ

Се вчитува...