Поранешниот македонски репрезентативец и ракометар на Металург, Ренато Вугринец е именуван за нов спортски директор на РК Партизан.
Вугринец во својата долга и успешна кариера играше и за Целје, со кого во 2004 година ја освои и Лигата на шампионите, а беше дел и од Магдебург, Хамбург, Сан Антонио, Марибор, како и клубови во Катар и Израел.
Сега ќе биде одговорен за комплетна спортска реорганизација на белградски Партизан.
„Среќен сум што ќе бидам дел од црно-белото семејство. Живеам во Белград веќе две години и во семејството сите сме фанови на Партизан. Со задоволство прифатив да бидам спортски директор, затоа што верувам дека може да му помогнам на клубот од кого очекувам успеси во иднина“ – изјави Вугринец по именувањето на новата функција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА