Само два гола постигнати на шесте натпревари во првото полувреме на 10. коло во Првата македонска фудбалска лига. Беса води против Вардар во Гостивар и Работнички води против Гостивар во Скопје.
Вардар издржа само девет минути на гостувањето против Беса во Гостивар. Срѓан Захариевски се одлучи со серија промени во првиот состав да го почне натпреварот, но ниту тоа не помогна да спречи брза предност на противниците како што беше тоа случај и на претходните натпревари. На голот го нема и досегашниот стандарден чувар на мрежата, Филип Гачевски.
Беса дојде до предност со убава акција во 9. минута која со погодок ја круниса Џемаил Есати…
Работнички, пак, води против Гостивар со 1-0 во дербито на колото на арената „Тодор Проески“ со голот во 15. минута на Адхе Мазари.
Голема грешка на одбраната на Гостивар, подарувајќи топка до Мазари, кој со одличен шут од 16 метри прецизно шутираше за водство од 1-0.
Штип: ТИКВЕШ – ШКЕНДИЈА 0-0
Струга: СТРУГА ТЛ – СИЛЕКС 0-0
Гостивар: БЕСА – ВАРДАР 1-0
Есати 9′
Скопје: РАБОТНИЧКИ – ГОСТИВАР 1-0
Мазари 15′
Струмица: АП БРЕРА – ВОСКА СПОРТ 0-0
Битола: ПЕЛИСТЕР – ШКУПИ 0-0
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА