Дербито во Првата македонска лига помеѓу Пелистер и Вардар кое е закажано за 3. ноември, би можело да се игра под рефлектори. Согласно најавите од Битола, во моментов траат последните тестирања на рефлекторите на стадионот „Петар Милошевски“, и најверојатно тие ќе „дебитираат“ токму на дербито на Македонија.
Ова е најава за спектакл во градот, кој за првпат ќе игра фудбалски меч во вечерен термин. Двата клуба во моментов се во долниот дел на табелата, и секој бод за нив е клучен во битката за опстанок.
Првиот меч помеѓу овие два тима кој се играше во Скопје, исто така се одигра во вечерен термин, а истиот го доби Вардар со 1-0.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА