По пласманот во четвртфиналето од Купот, екипата на Силекс денеска пред домашната публика со дебитантот во Првата лига, Беса од Добри Дол, од 13 часот во 11. коло од шампионатот.
Голманот на кратовци, Даниел Божиновски минатата сезона пропушти неколку натпревари поради повреда, за да сега конечно се врати по повредата…
„Точно, имав повреда минатата сезона, но тоа сега е веќе минато, се чуствувам одлично и тренирам во полн ритам. На натпреварот со Шкупи во осминафиналето од Купот добив шанса од прва минута и мислам дека максимално си ја завршив работата со неколку одбранети удари во регуларниот дел и со еден одбранет пенал. Придонесов за пласман понатаму, нормално заедно тимски со цела екипа, иако овој натпревар беше еден од потешките во оваа сезона, но сепак заврши како што треба, а тоа е пласман во четвртфинале“ – вели Божиновски, притоа искажувајќи ги очекувањата и за дуелот со Беса.
„Сега против Беса не очекува исто така тежок натпревар, но со максимална ангажираност на секој играч на теренот, мислам дека трите бода ќе останат во Кратово. Во изминатите кола се покажа дека домашниот терен е тежок за сите противници и нека остане така, па така во недела секако да ја продолжиме таа мини серија од позитивни резултати.“
Но, и во таборот на Беса сакаат позитивен резултат од Кратово. Еден од најдобрите фудбалери Горан Силјановски вели дека ќе се даде максимумот за бодови.
„Штета што загубивме во купот, но вакви работи се случуваат и поразите се дел од фудбалот. Ние сме професионалци, мора да го признаеме тоа и сега да се фокусираме на шампионатот. Не чека тежок меч во Кратово со екипата на Силекс, а сигурен сум дека доколку секој поединец даде се од себе, резултатот нема да изостане и ќе ја продолжиме низата добри резултати во првенството“ – вели Силјановски.
ПРВА ЛИГА – 11. КОЛО (13 ч.)
Скопје: ШКУПИ – ТИКВЕШ
Охрид: ВОСКА СПОРТ – ПЕЛИСТЕР
Скопје: ГОСТИВАР – АП БРЕРА
Скопје: ВАРДАР – РАБОТНИЧКИ
Кратово: СИЛЕКС – БЕСА
Тетово: ШКЕНДИЈА – СТРУГА ТЛ
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА