Шкендија и Струга ТЛ со реми во дербито, Силекс и Гостивар „грабат“ кон врвот, „нула“ на скопската пресметка… (ВИДЕО)

Шкендија не успеа да слави против актуелниот шампион Струга ТЛ во дерби пресметката на 11. коло од Првата македонска фудбалска лига и да се доближи доводечкиот Работнички на првенствената табела. Шкендија и покрај тоа што имаше водство, на крај мораше да се задоволи само со  реми во пресметката со стружани. Работнички, пак, одигра без голови во скопската пресметка со Вардар на арената „Тодор Проески“.

Силекс граби кон врвот по победата и над Беса, а Гостивар и Шкупи славеа убедливи победа против АП Брера односно Тиквеш.

Шкендија прва поведе со голот од пенал на Бесарт Ибраими во 31. минута од средбата, кој е негов вкупно 207 гол во кариерата во првенството на Македонија.

Но, Кехинде во 73.минута успеа да израмни за стружани…

На стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари, Гостивар успеа да се врати во игра по негативата на дуелот против АП Брера, па со предност од 2-1 да го заврши полувремето, а на крај со победа и со убедливи 4-1.

Струмичани дојдоа до водство со прекрасниот гол на Мартин Ѓоргиевски уште во 13. минута од средбата.

Но, потоа следеше пресвртот. Најпрво Ајдоган постигна вистински евро-гол со волеј-удар од 22 метри.

А, во судиското продолжение на првото полувреме и Алдаир погоди за 2-1.

Ивановски со голот во 48.минута од средбата донесе 3-1…

А, конечните 4-1 ги постави Симоновски со голот во 90. минута.

Шкупи, пак, исто така со 3-1 славеше во пресметката против Тиквеш. Два гола постигна Кадриу а погоди и Аворнио во првото полувреме.

Силекс граби кон врвот на првенствената табелата откако славеше против Беса со 2-0. Уште во првото полувреме погоди Алиќ во 15. минута за водство од 1-0, а последните секунди од средбата беше заокружено за 2-0.

Воска Спорт и Пелистер ремизираа (1-1) во Охрид. Стрелец на водечкиот гол за охриѓани беше Ибраими во 20. минута, но Пелистер успеа да се спаси во 85. минута со голот на Александар Ристевски кој погоди од непосредна близина.

ПРВА ЛИГА – 11. КОЛО
Скопје: ШКУПИ – ТИКВЕШ 3-1
Кадриу 5′, 68′, Аворнио 32′ – Спахиу 24′
Охрид: ВОСКА СПОРТ – ПЕЛИСТЕР 1-1
Ибраими 20′ – Ристевски 85′
Скопје: ГОСТИВАР – АП БРЕРА 4-1
Ајдоган 42′, Алдаир 45’+2, Ивановски 48′, Симоновски 90′ – Ѓоргиевски 13′
Скопје: ВАРДАР – РАБОТНИЧКИ 0-0
Кратово: СИЛЕКС – БЕСА 2-0
Алиќ 15′
Тетово: ШКЕНДИЈА – СТРУГА ТЛ 1-1
Б. Ибраими 31′(п) – Кехинде 73′

Се вчитува...