Вардар има негатива од 0-1 по првото полувреме на дуелот против АП Брера на арената „Тодор Проески“ во Скопје во 12. коло од Првата македонска фудбалска лига. Во дербито во Кратово, Работнички води со 0-1 против Силекс, а Воска спорт го шокираше Шкупи со предност од 1-0 по првите 45 минути.
АП Брера во Скопје дојде до предност од 0-1 со голот на Ивковиќ уште во 19. минута од средбата…
И Работнички има предност од 0-1 на гостувањето против Силекс во Кратово. Регба во 19. минута стрелаше за водство на „романтичарите“.
Шкендија, пак, има предност од 2-1 против Беса на дуелот во Тетово. Рамадани, по асистенцијата на Бесарт Ибраими, погоди во 14. минута, a веќе во 23. минута и самиот Бесарт Ибраими погоди за 2-0. Велија во 32. минута намали за гостите на 2-1.
Воска спорт го шокираше Шкупи на дуелот во Охрид. Домашните имаат водство од 1-0 со голот на Јахја во 32. минута од натпреварот.
ПРВА ЛИГА – 12. КОЛО (прво полувреме)
Скопје: ГОСТИВАР – ПЕЛИСТЕР 0-0
Тетово: ШКЕНДИЈА – БЕСА 2-1
Рамадани 14′, Ибраими 23′ – Велија 32′
Кавадарци: ТИКВЕШ – СТРУГА ТЛ 0-0
Скопје: ВАРДАР – АП БРЕРА 0-1
Ивковиќ 19′
Кратово: СИЛЕКС – РАБОТНИЧКИ 0-1
Регба 19′
Охрид: ВОСКА СПОРТ – ШКУПИ 1-0
Јахја 32′
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА