Естонците без важен играч доаѓаат на мегдан во Скопје

Eстонскиот селектор Мартин Нодла денеска го објави списокот на ракометари на чии услуги ќе може да смета за стартот на квалификациите за ЕВРО 2026. Естонците во првото коло ќе гостуваат на Македонија, во втората рунда ќе ја пречекаат Словенија, а Нодла за овие средби нема да може да смета на Мат Патраил, искусниот бек кој е надвор од натпреварувачки ритам бидејќи се уште нема клупски план.

„Со Мат се договоривме да не игра бидејќи не е во форма, тој беше повреден, а сега е без клуб. Штом се врати во ритам, тој повторно ќе биде дел од репрезентацијата, но сега нема да биде со нас“, прокоментира естонскиот селектор.

Добра вест за Естонците е камбекот по повредата на средниот бек Микел Лоп, а селекторот на располагање ќе гo има и Данер Јанима, поранешен ракометар на Кил кој сега настапува во Кувајт.

Станува збор за репрезентација што според реномето, но и имињата е далеку зад нашиот национален состав, па јасно е зошто Македонија ќе важи за апсолутен фаворит на дуелот закажан за 5 ноември во СЦ „Борис Трајковски“.

Се вчитува...