Воска Спорт реагира за судењето: Ѓоргиев и Митревски го спасија Тиквеш од пораз

Екипата на Воска Спорт денеска одигра без голови против Тиквеш, но го изрази револтот кон делењето на правдата, и одлуките на судиите во рамките од 13. коло во ПМФЛ.

„Повторените грешки на судиите Крумислав Ѓоргиев и Владимир Митревски директно влијаеа на резултатот и на играта, оштетувајќи го нашиот тим.

Како клуб веруваме дека овие лоши одлуки кои беа направени на овој меч не само што се нефер, туку се и неприфатливи за нашиот тим и му носат лошо и на шампионатот.

  1. Во 61. минута од мечот нашиот тим беше оштетен за пенал
  2. Во 75 минута од средбата ни беше поништен гол, иако нашиот играч беше во регуларна позиција
  3. Во 89 минута имаше игра со рака за нашиот тим во казнетиот простор, но судијата Ѓоргиев не досуди ништо

Воска Спорт исто така објави и видео од спорните моменти

 

Се вчитува...