Захариевски не е повеќе тренер на Вардар

Срѓан Захариевски не е повеќе тренер на Вардар. По вчерашниот пораз од Пелистер, двете страни спогодбено ја прекинаа соработката, информираат од ФК Вардар.

Тренерскиот циркус во „црвено-црните“ продолжува. Захариевски е третиот тренер кој сезонава ја водеше екипата, после Горазд Михаилов и Горан Петрески. Од Вардар истакнуваат дека за лица како него вратите секогаш ќе бидат отворени.

Сега повторно се шпекулира дека нов тренер ќе биде Гоце Седлоски. Тој требаше да дојде на местото на Горан Петрески, но тогаш во последен миг работата пропадна. Сега одново се отвора вратата за негов „кам-бек“ во Вардар.

Се вчитува...