Словенечкиот стратег Бранко Тамше е еден од главните кандидати за нов тренер на Е. Пелистер, информираат словенечките медиуми. Македонскиот првак е во потрага по нов тренер откако неодамна се раздели од Бранислав Ангеловски, па иако во меѓувреме стигнаа до прва победа под водство на Звонко Шундовски битолчани делуваат решено да доведат нов врвен стратег кому ќе му биде понуден договор на најмалку 18 месеци.
Информациите од Словенија говорат дека Тамше важи за еден од главните фаворити, откако ја добил понудата од македонскиот клуб, но се уште нема донесено одлука дали да ја прифати истата. Тој е без ангажман откако во февруари годинава доби отказ од хрватскиот прволигаш Нексе, Тамше претходно ги водеше и Загреб и Пивоварна Целје, па останува да се види дали овој стручњак ќе го прифати предизвикот да потпише со „зелено-белите“ од Битола.
За потсетување, покрај Пелистер за тренерска смена во последните десетина дена се реши и раководството на Вардар, кое најпрвин ја прекина соработката со Владо Недановски, а потоа за нов кормилар го именуваше актуелниот аргентински селектор Гилјермо Милано.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА