Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар го доби и својот четврти тренер по само 13. кола од новата сезона во Првата македонска фудбалска лига. „Црвено-црните“ по поразот од Пелистер (1-0) со кој останаа на дното на табелата се решија да се разделат и со Срѓан Захариевски.
Нов шеф на стручниот штаб на тимот ќе биде Гоце Седлоски, информација која беше потврдена на „твитер“ профилот на ФК Вардар.
„АД ФК Вардар го назначи Гоце Седлоски за нов Шеф на стручниот штаб на клубот“, стои во соопштението на ФК Вардар.
АД ФК Вардар го назначи Гоце Седлоски за нов Шеф на стручниот штаб на клубот. pic.twitter.com/WOdEWxpuqU
— FCVardar (@VardarFC) November 5, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА