Фудбалскиот клуб Шкупи се јави со реакција по повод делегирањето на судиите за саботното дерби против Вардар.
Според тимот од Чаир, делегирани им биле судиите кои биле на списокот несакани судии, со што ја известиле и Комисијата.
„ФК Шкупи реагира до судиската комисија при Македонската фудбалска федерација за судиското делегирање на саботниот натпревар против Вардар. Предметната комисија за главен судија го назначи Игор Сточевски , заедно со неговите помошници Дејан Костадинов и Гоце Петрески.
Ние како клуб сме многу загрижени за оваа одлука, бидејќи истиот судија е на списокот на несакани судии на нашиот тим . За ова одамна е известена и самата Комисија, која не реагира една и пол годиниа.
Затоа јавно прашуваме зошто токму против Вардар, многу важен натпревар за нас, повторно се појавува името на Игор Стојчевски. Бараме од Судиската комисија да го задржи сегашниот стандард и да го замени со судија со углед и авторитет бидејќи натпреварите помеѓу Вардар и Шкупи биле празник и за двете екипи“, велат од Шкупи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА