Македонскиот фудбалски прволигаш Беса ја информираше јавноста дека тимот до крајот на есенскиот дел од сезоната ќе го води досегашниот помошник Бурим Садики.
Клубот се раздели со Берат Имери по поразот на тимот од Струга ТЛ во последното коло.
„Беса ја известува целата јавност дека вестите кои се шират низ медиумите се неофицијални и невистинити. Најавуваме дека тренерската работа до крајот на есенскиот шампионат ќе му биде доверена на помошниот тренер Бурим Садики заедно со останатите помошници кои се дел од стручниот штаб. За секоја информација ќе бидете информирани на официјалниот клупски профил“, стои во соопштението на Беса.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА