ПМФЛ: Седло кам-бекот на клупата на Вардар ќе го има против Шкупи, Работнички и гостува на Струга

Шест натпревари денеска ќе го комплетираат 14. коло во Првата македонска фудбалска лига. Поради репрезентативната пауза 14. рунда ќе се одигра денеска, наместо во недела како што е традиција.

Гоце Седлоски ќе го има своето деби на клупата на Вардар на арената „Тодор Проески“ во Скопје, против својот исто така поранешен клуб со кој ја освои титулата во ПМФЛ, Шкупи.

Шкупи е без пораз на последните шест меча со Вардар, а на последните пет дуели на скопските ривали Шкупи има пет победи со импресивна гол-разлика 11-0. Сепак, крилниот офанзивец Флоријан Кадриу предупредува дека ќе мора концентрацијата да биде на највисоко ниво, без оглед на фактот дека Вардар како последнопласиран тим на табелата ќе влезе во овој натпревар.

„Дуелите со Вардар секогаш се големи и ние сакаме да го дадеме максимумот, да победиме… Тоа е вистинско дерби, не е важно кој каде е на табелата, секогаш постои интерес во јавноста, желба за надигрување и за победа. „Шверцери“ сакаат само победа, ќе дадеме се од себе за да им ја исполниме желбата и се надевам дека на крајот заедно ќе славиме. Секој меч носи притисок, но кога играте против Вардар тој притисок е уште поголем, ите го чувствуваме тоа. Добро трениравме во последните денови, го анализиравме противникот, знаеме се за нив. Ќе влеземе во мечот како вистински борци, за да стигнеме до максимумот на ова дерби“, изјави Кадриу за клупската веб-страница на Шкупи.

Интересно се очекува да биде и во Струга каде актуелниот шампион ќе го пречека Работнички. Фудбалерот на „романтичарите“, Теодор Николовски пред мечот вели дека неговиот тим го очекува тежок меч против шампионот.

„Не очекува нов голем предизвик, гостување кај шампионот Струга Трим Лум. Тие имаат одличен тим и заслужуваат респект, но и ние со голема самодоверба патуваме во Струга. Ќе биде тоа еден тежок натпревар и сигурно дека ќе одлучуваат нијанси. Ние сме подготвени за надигрување и веруваме дека и по ова коло ќе останеме лидери на табелата во Првата лига“, изјави Николовски. 

ПМФЛ, 14. КОЛО

ДЕНЕСКА 13:00 ЧАСОТ

Скопје, нац. Арена: ВАРДАР – ШКУПИ

Кавадарци: ТИКВЕШ – БЕСА 

Струга: СТРУГА ТЛ – РАБОТНИЧКИ

Тетово: ШКЕНДИЈА – БРЕРА

Кратово: СИЛЕКС – ПЕЛИСТЕР

Скопје, Маџари: ГОСТИВАР – ВОСКА 

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...