Нови големи проблеми за ракометната репрезентација на Франција пресрет Светското првенство. Французите на шампионатот ќе бидат без својот капитен Дика Мем кој во вторникот во првенствен меч за својата Барселона доживеа повреда на рамото.
Мем ќе мора да оди на операција по оваа повреда, по која ќе мора да паузира најмалку три месец. Поради тежината на повредата одличниот бек и дефинитивно ќе мора да го пропушти Светското првенство овој јануари.
Французите веќе останаа и без Елохим Пранди кој исто така поради повреда ќе мора да го пропушти шампионатот овој јануари. Франција е еден од потенцијалните ривали на Македонија на првенството во втората фаза.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА